Тест: Ќе се изненадите од тоа што ќе го откриете за себе

Читајте ги прашањата по ред, одбирајте по еден од четирите понудени одговори што најмногу ви се вклопува со вашите размислување и потоа преминете на втората страница за резултатите. Ќе се изненадите од тоа што ќе го откриете за себе!

1. Сте отишле на излет и по долга прошетка случајно наидувате на:

а) Многу привлечна личност

б) Пештера

в) Раскрсница

г) Необична куќа

2. Понудени ви се 4 карти. Која ќе ја одберете?

а) Ас баклава

б) Ас лист

в) Ас детелина

г) Ас срце

3. Ве мачи морничава ноќна мора и нагло се будите затоа што:

а) Горите во страшен оган или пламен

б) Паѓате од бескрајна висина и пропаѓате во темнина

в) Ве прогонува страшен монструм, крволочен убиец или некој што сака да ве задави

г) Се давите во вода

4. Некој ви подарил:

а) Приврзок

б) Часовник

в) Шешир

г) Парфем

5. Необично важен детаљ во вашиот дом е:

а) Огледало над креветот во спалната соба

б) Огромно јакузи во сјајниот тоалет

в) Дискретно осветлување и прозорци

г) Огромен камин покрај удобните фотелја или кауч

6. Имате 4 нешта од кои можете да изберете само едно. Кој е вашиот избор?

а) Стари парички

б) Песочен часовник

в) Ламба

г) Старински клуч

7. Да можете да го казните својот најлош и најголем непријател, како би го сториле тоа?

а) Би го пратиле во манастир

б) Би му го одзеле тоа што најмногу го сака

в) Би го поставиле на најлошите справи за мачење

г) Би го осудиле на вечна самотија

8. Пред вас се наоѓа шпил карти, а вие сигурно извлекувате:

а) Ас

б) Крал

в) Џокер

г) Дама

9. Би се чувствувале тотално беспомошно ако:

а) Околу вас е бескрајна темница

б) Останете целосно неподвижни и болно парализирани, како билка што вегетира

в) Некој ве затвори во лавиринт од кој нема излез

г) Останете сами на светот по апокалипса

10. Настанале пожар или несреќа. Кого би спасиле?

а) Саканиот или саканата

б) 10 познати ѕвезди

в) Сестрата или братот

г) 40 непознати личности

11. Сте добиле златна рипка што може да ви исполни само една желба. Кој е вашиот избор?

а) Целосна промена на изгледот, успехот и моќта

б) Патување низ времето

в) Бескрајна младост

г) Среќа и љубов

12. Вашата најголема неостварена фантазија е:

а) Да имате моќ и да бидете господари

б) Да имате мистична моќ и да станете волшебници

в) Да можете да станувате невидливи по потреба

г) Да имате крилја

13. Повремено чувствувате страв од:

а) Неуспех и немоќ

б) Загуба и сиромаштво

в) Издавање и неверство

г) Самотија и болест

14. Се наоѓате во ситуација да добиете божествен дар. Кој би бил вашиот избор?

а) Еликсир на вечноста

б) Сезнајно око

в) Магично стапче

г) Камен на знаење и мудрост

15. Да можете, би посакале:

а) Да управувате со светот

б) Да посетите други светови

в) Да запознаете и да доживеете нешто таинствено/мистично

г) Да ја видите рајската градина

16. Ако сакате да се опуштите дома со добар филм, би одбрале:

а) Акција/љубов

б) Комедија/мјузикл

в) Научна фантастика

г) Психолошка драма/романса

Преминете на следната страница за резултатите…
 

Најмногу одговори под „А“

За вас, најголемиот животен предизвик се крие во другите луѓе и во односите со нив. Ве поттикнува голема страст, импулс што се заснова на допир, хедонизам, уживање. Без оглед на тоа колку делувате силно (психолошки или физички) најчесто не можете без другите. Тежнеете кон екстреми, им дозволувате на другите да ве усреќат, но исто така и да ве разочараат и да ве повредат. За вас искуствата немаат важно влијание, а и склони сте кон повторување на истите грешки во нови или слични ситуации, како и со нови личности. Понекогаш одите на самиот раб помеѓу радоста и тагата, среќата и несреќата… Тоа што многумина не го знаат е дека сте многу послаби одошто се претставувате, па понекогаш не можете да се „соберете“ во покритични моменти и потребна ви е туѓа помош.

Најмногу одговори под „Б“

Вие имате нагласена потреба за истражување на светот околу себе, но најпрво поради задоволување на сопствените пориви. Кога ги остварувате своите цели, и ги задоволувате своите широки апетити, тогаш и другите околу вас можат да бидат задоволни. Уживањето, радоста и среќата ја делите со другите, но за возврат очекувате некое посебно задоволство, признание или награда. Многу сте упорни во своите намери и скоро секогаш наоѓате начин или оправдување за остварување на своите цели. Доколку сте разочарани, тажни или повредени, барате начин брзо да компензирате за загубеното и да ја потиснете својата слабост. Искуството на вас ви делува многу поучно, но понекогаш поради скриени слабости знаете да попуштите пред новите предизвици. Во суштина сте посилни одошто сте преставувате и од тоа што другите го мислат, но сепак ви се потребни силни луѓе за да ве „задржат“ во критичните моменти.

Најмногу одговори под „В“

Вие знаете да привлечете внимание и да оставите впечаток, дури и на прв поглед или низ необичен стил на однесување и оригиналност. Ве привлекуваат несекојдневни ситуации, екстремности, а понекогаш сакате и да ги прескокнете правилата или да ги надминете поставените граници. Несвесно се водите по принципот: „Ако вам ви е добро, добро им е и на другите, а ако вам ви е лошо – на другите им е уште полошо.“ Поседувате огромна енергија, но не е лесно да ја контролирате таа сила што осцилира. Позитивниот импулс ви создава многу можности за радост, уживање и среќа, а вашиот внатрешен импулс за промена е поголем од потребата да застанете. Кога сте разочарани, тажни или повредени, ќе направите сѐ што е потребно за да се ослободите од тие емоции.

Најмногу одговори под „Г“

Кај вас е нагласена голема фантазија и емотивност, но токму таа длабока чувствителност е истовремено и вашата најголема и вашата најслаба страна. Доколку својата енергија ја насочувате кон афирмација и задоволство, ако ве прати хармоничен однос со другите, вие претставувате бескраен извор на радост. Но ако доживувате разочарување, болка и патење, се оттргнувате од  другите и станувате склони кон самоказнување. Без оглед на тоа колку делувате зависно од другите, вие длабоко во себе тежнеете кон целосен развој на личноста и задоволување на своите потреби за совршенство. Во суштина сте посилни одошто се преставувате на околината и од тоа што другите го мислат за вас. Имате одличен инстинкт за самоодржување, можете да предвидите опасност или невола.