Тест: Изберете слика и откријте што ве очекува во љубовта

Изберете слика со која највеќе се поврзувате, а таа ќе ви открие што ве чека во љубовта во периодот кој следува!

1

love 4666289 960 720

Во првиот дел од месецот ве чека убаво љубовно изненадување. Љубовта е точно зад аголот. Тоа би можело да биде љубов која ќе трае. Вашиот однос ќе се развива и можете да очекувате вистинска, длабока врска. Ако веќе сте во врска, вашиот однос ќе биде стабиле. Обидете се да поминувате повеќе време заедно и водете длабоки разговори. Можете да очекувате период кој ветува. 

2

humanity 4150261 960 720

Во следниот период ве очекуваат многу настани и случувања на љубовно поле, како негативни, така и позитивни. Ова ќе биде активно и возбудливо време. Ако веќе сте во врска, можете да очекувате тешкотии. Во овој момент е важно објективно да го процените вашиот однос. Дали сте целосно искрени кон вашиот партнер во однос на вашите намери? Ако барате љубов, размислете дали личноста која ви се допаѓа е онаква каква што се преставува. Вашиот потенцијален партнер можеби не е баш сосема искрен со вас. Отворете се кон љубовта, но доза на претпазливост не е на одмет. 

3

kiss 4567465 960 720

Ова е време на промени. Дојдено е време да преземете водство. Бидете отворени и искрени околу своите очекувања и не се плашете да зборувате за грижите за иднината. Сега е најдобро време да сфатите дали вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина или можеби сакате различни работи во животот. Ако сте во нездрава врска, би можеле да раскинете. Пронајдете во себе доволно сила и оптимизам да продолжите понатаму. Вложениот труд ќе се исплати. Заслужувате љубов и почит!