Тест: Изберете карта и откријте како ја доживувате љубовта

Картата која ќе ја изберете открива како ја доживувате љубовта, а таа ќе ви покаже и што ви носи иднината на ова поле.

1 – Интензивна љубов

Вие сте личност која интензивно верува во љубовта, а за вас тоа е најмоќната и најважната сила на светот за која вреди да се борите. Кога ќе се заљубите, вие се давате себеси во љубовта  и воопшто не се штедите. Но, тоа вклучува и можност вашето срце да биде скршено, ако таквата љубов не е возвратена. Вие полека учите како да и пристапите на љубовта и блиску сте до тоа да ја сретнете својата сродна душа. 

Не им дозволувајте на другите да ви кажат дека сте наивни-

2 – Заљубени сте во љубовта

Вие сте личност која во себе носи силна страст и надеж за љубовта. Но, вам ви е тешко да се заљубите во една личност, бидејќи повеќе го сакате самиот концепт за љубовта. Ја сакате идејата за убава и романтична љубов и живеете во розов свет кој не е многу поврзан со реалноста. 

Љубовта доаѓа за вас, но потребно е да ги отворите очите и да ја прифатите.

3 – Рационална љубов

Вашата личност е спротивна на онаа која ја избра втората карта. Вие сте конкретни и рационални во љубовта, а ако најдете личност која ви се допаѓа се заложувате да направите сè за да функционира сето тоа. Страста и сексуалната привлечност ви се важни, но не и пресудни во љубовта.

За вас е поважно да воспоставите емоционална поврзаност, да пронајдете заеднички страни и да воспоставите цврст темел за заедничка иднина. Таква љубов и доаѓа за вас во 2021.

4- Непостојана љубов

Вие сте личност која постојано трага по авантури и нешто подобро од претходното и тешко ви е да останете на едно место. Додека сте со некого, тоа е љубовта на вашиот живот, но потоа сè се менува. Потребна ви е личност која се спротиставува на вашата страст, која ќе ви донесе баланс во животот.