Тест: Изберете еден цитат и дознајте што ја блокира вашата среќа во љубовта

Љубовта е магична работа кон која сите тежнееме, сакаме да се равива, да биде вечна. Но таа често е непредвидлива и ни делува комплицирано. Понекогаш на патот до љубовта се појавуваат разни препреки, а овој тест, врз основа на зборовите на познатиот Јесенин, може да ви помогне да откриете кој е вашиот најголем предизвик на патот до љубовта.

Сергеј Јесенин со право може да се смета за еден од најромантичните поети. Неговиот краток, но богат живот, бил полн со тајни и неверојатни авантури. Неговите зборови за љубовта инспирираат и ги допираат срцата, а ние ви нудиме некои од нив. Изберете го цитатот кој најмногу ви привлекува внимание, во кој најмногу се пронаоѓате и дознајте што ве блокира на патот на љубовта.

Цитатите на Јесенин:

  1. Кој љубел, тој не љуби повеќе. Изгореното никој не го запалил.
  2. За љубовта не зборуваат со зборови. За љубовта сонуваат скришно, но очите им горат како оган...
  3. Не ја извртувај насмевката, не ме држи за раце, сакам друга, но не и тебе. Знаеш и сама, добро знаеш – не те гледам, не дојдов кај тебе.
  4. Љубовта не бара кауција.
  5. Често си заминував. И ќе се завртев... и тогаш велат дека посакуваш некогаш да се вратиш. И се враќав. И ништо не беше исто, ни пејзажите, ни луѓето, ни јас. Сфатив дека не треба да се враќам. Она што било убаво засекогаш нека остане во соништата. Вечно ќе трае...
  6. Кој сум? Што сум? Јас сум само сонувач, чиј поглед се губи во маглата...
  7. Нека ти бидат очите полузатворени, а ти мислиш на некој друг, затоа што јас ни сам не те сакам многу, чекорам по друг пат. 

Решение:

Цитат број 1 – Понекогаш се чини дека старите чувства избледеле, олујата од емоции спласнала и можете безбедно да тргнете напред кон нови авантури. Но во реалноста, нерешените проблеми ве попречуваат, ве спречуваат повторно безглаво да се впуштите во нешто ново. Совет: пријатен разговор со саканата личност или квалитетна сесија со психолог ќе ви помогне да се ослободите од негативните ставови, да се ослободите од минатите болки и конечно да ја пронајдете својата среќа.

Цитат број 2 - Вашата главна препрека во љубовта е тоа што не знаете како да ги изразите чувствата. Можеби мислите дека сте покажале доволно, но сите ние сме различни и на различни начини ги толкуваме сигналите кои ни ги праќа другата личност. Искажете ја љубовта отворено, но не само со зборови, туку со дела кои кажуваат повеќе од „те сакам“.

Цитат број 3 - Љубовта е светло чувство, но никој не вели дека тоа треба да е двонасочно. Важно е тоа да го разберете на време и да не се обидувате да тропате на затворена врата. Ако личноста која ви се допаѓа не ви возвраќа со чувствата во иста мера, посветете се себе си – патувајте, запишете некој курс, одвојте време за себе и научете сами да се цените. Заслужувате некој кој ве сака, не трошете време на некој кој не ви ја возвраќа љубовта.

Цитат број 4 – Не го барајте од другите она што и сами себе не можете да го понудите. Љубовта секогаш е давање и делење. Само такво чувство со право може да се смета за светло и за вистинско. Совет: не го барајте од партнерот она што тој не може да ви го даде. Важно е да се слушаме еден со друг и да се поддржуваме дури и кај намалите предизвици. Кој знае, може да се втурнете во вистински оган кој и двајцата ќе ве загрее.

Цитат број 5 – Не се враќајте на старите токсични врски одново и одново. Нешто што одамна престанало да функционира не може повторно да се врати. Време е да се посветите на себе, да ги залечите старите рани и да го оставите минатото зад себе. Нека остане минатото таму каде што му е место. Не се враќајте на партнерите кои ве изневериле.

Цитат број 6 – За вратата на љубовта широко да ви се отвори, важно е да се пронајдете себе, да работите на себе, да се посветите на својот развој. Прво морате да погледнете во длабочината на својата душа, да се откриете, да се запознаете подобро со себе и да одредите која личност е права за вас, кој ве заслужува, кого сакате крај себе. Поврзувањето со сопствено битие е предуслов за добра и здрава љубов.

Цитат број 7 – Ако сакате да изградите здрав и цврст однос полн со разбирање, тогаш треба да бидете искрени во врската. Не влегувајте во врска само за да не бидете сами, додека мечтаете за некој друг. Исто така, не влегувајте во врска во која знаете дека постои трета личност. Љубовта е искреност и посветеност, во спротивно мали се шансите дека ќе успеете.