Тешко повредени жена и дете откако во нив удрил автомобил

Автомобил удрил во 69-годишна жена и 10-годишно дете од Радовиш. Во несреќата, која се случила вчера на булеварот Александар Македонски во Радовиш, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.