Тешко повредени две малолетни девојки кои возеле тротинет

На 01.08.2021 во 22.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Никола Карев“, ул.„Самоилова“ и ул.„Максут Садик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.