Тешко повредена жена во сообраќајка во Капиштец

Осумдесет и осум годишната скопјанка Љ.А. се здобила со тешки повреди откако во неа удрил автомобил „Форд фокус“.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу 12 часот на улицата „Народен Фронт“  кога О.Д.(58) управувајќи автомобил „Форд фокус“ со скопски регистерски таблици удрил во пешакот Љ.А.

-Истата со возило на Итна медицинска помош била префрлена во Градската Општа Болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки повреди и била задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и презема мерки за целосно расчистување на случајот.