Тешко повредена жена во сообраќајка кај булевар Партизански одреди

На 15.09.2021 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“, ул.„Ангел Динев“ и ул.„Иван Цанкар“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(49) од Скопје, удрило во пешакот М.Б.(69) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.