Тешко повредена жена-пешак во Тетово, возило удрило во неа

На 21.01.2022 година во 16.15 часот е пријавено дека во Тетово на кружен тек на  бул. “Илинденска“ со бул. “М.Тито“ се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило марка “голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ш. (45) од село Горна Речица, тетовско, удрило во В.С. (54) од Тетово.

В.С. била пренесена во Клинички центар Тетово, каде се констатирани тешки телесни повреди.