Пред два дена на 26.10.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека 71-годишната З.А. тешко се повредила додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП, управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала во автобусот.
Несреќата се случила на кружниот тек од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Боца Иванова“ во Скопје. При падот таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.