Тешко повредена жена од Хрватска, ја прегазил велосипедист во центарот на Скопје

Вчера претпладне млад велосипедист прегази жена од Хрватска. 

На 21.09.2022 во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Св.Кирил и Методиј“ и ул.„Македонија“ во Скопје, велосипед управуван од С.А.(27) од Скопје удрил во пешакот Д.К.(69) од Република Хрватска. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.К. констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата.