Тешко повредена велосипедистка во Скопје по судир со жена на електричен тротинет, која веднаш побегнала

Вчера во 07:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Трета Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Л.Н.(46) од Скопје и електричен тротинет, управуван од женско лице, кое го напуштило местото на настанот, се наведува во полицискиот билтен.

 Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 46-годишната Л.Н., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.