Тешко повредена скопјанка, откако со својот електричен велосипед удрила во пешак

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 20 часот во СВР било пријавени дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.  

Во несреќата учествувале електричен велосипед „бенели“, управуван од 55-годишната С.Ј. и пешакот З.Н.(50) од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.“, стои во полицискиот билтен.