Тешко повредена 40-годишна жена откако паднала од мотор

Вечера во 16.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Гостивар додека Н.Л.(41) од Кичево управувал мотоцикл „јамаха“, сопатничката А.Н.(40) од Кичево паднала од мотоциклот на коловозот.

40-годишната жена по падот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.