Тешко повреден жител на Кривогаштани откако со возило излетал надвор од пат

Вчера во 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавена сообраќајна несреќа која се случила на патот Р512 од с.Крушеани кон с.Обршани. Патничко возило со крушевки таблички управувано од 51-годишниот Ж.Н. од с.Кривогаштани, излетало од коловозот.

„Ж.Н. е пренесен во Општа болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, известуваат од МВР.