Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа во Лисиче

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на крстосницата кај улицата „Ѓорги Капчев“ во Лисиче.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Голф“ управуван од М.Б. (46) и „Пунто“ со кое управувал 21 годишниот Н.Т.

По судирот меѓу двете возила, „Пунтото“ продолжило да се движи и удрило во метална ограда со бетонски ѕид. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на „Пунтото“ и сопатникот М.Д. (23) кое со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар.

Кај возачот се констатирани тешки повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување, додека сопатникот е полесно повреден и по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.