Во сообраќајна несреќа во текот на вчерашниот ден во Скопје тешко повреден е велосипедист.
Вчера околу 20:30 часот во Скопје, на булевар „Кочо Рацин“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.С.(80) од Скопјe и велосипедист А.Т.(25) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ се здобила А.Т.
Извршен е увид на местото на настанот.