Тешко повреден велосипедист во Скопје

Вчера во 13.10 часот на крстосница од улиците „Никола Карев“ и „Симеон Кавракиров“ во Скопје, С.С.(35) од Скопје, управувајќи велосипед,  изгубил контрола и паднал на коловозот.

Според информации на полицијата во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.