Тешко повреден велосипедист од Скопје

Вчера на крстосницата од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(24) од селото Љубанци, скопско, удрил во велосипед управуван од О.И.(45) од Скопје.

По незгодата, како што јави МВР, мотоциклистот го напуштил местото.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.