Тешко повреден 67-годишен велосипедист откако бил прегазен со возило на една скопска раскрсница.
- На 02.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Крсте Мисирков“ со ул.„Глигор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(34) од село Семениште, општина Сарај, удрило во велосипед, управуван од Б.В.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.