Тешко повреден скопјанец, удрен од автомобил

Во текот на вчерашниот ден, на скопскиот булевар „Македонско-Косовска бригада“, автомобил „сеат толедо“ со скопски регистерски таблици удрил во 67-годишен пешак.

Скопјанецот од ударот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен бил увид, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.