Тешко повреден скопјанец откако паднал од тротинет

Скопјанец е тешко повреден откако паднал од електричен тротинет. 

Вчера во 08:00 часот било пријавено дека на улицата „Георги Димитров“ во Скопје, Н.М.(38) од Скопје, додека управувал електричен тротинет, паднал на коловозот, се наведува во билтенот на МВР. 

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.