Тешко повреден работник донесен во Клинички центар, случајот ќе го преземе Трудова инспекција

На 27.09.2021 околу 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Р.И.(51) од Скопје, по чие кажување околу 10.30 часот на место викано „Бањански пат Преслап“ во атар на с.Бањани, скопско, додека вршел работни задачи како вработен во „Национални шуми“, се здобил со повредите.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и известен е Трудов инспектор.