Тешко повреден пешак во сообраќајка на булевар „Никола Карев“

Пешак настрада во сообраќајка во Скопје која се случила вчера. 

На 03.06.2022 во 14,14 часот било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ пред клучка „Детелинка“, патничко моторно возило “опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Џ.(28) од Скопје удрило во К.М.(86) од Скопје.

Во несреќата К.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.