Тешко повреден пешак во Шуто Оризари

Вчеравечер во 22.42 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски", било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Н. (52) од Скопје.

Тој бил повреден на ул.„Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари кога во него удрило патничко возило фолксваген голф, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М. (52) од Скопје.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје