Тешко повреден пешак вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца поминале на црвено светло на семафор, пет возачи сториле прекршоци по разни основи, како и 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле 57 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 64 возила.