Тешко повреден пешак на територија на Кисела Вода

На 13.01.2022 во 18.25 часот било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“, патничко  возило „пежо 407“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. од Скопје удрило во пешакот Љ.Б.(57) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.