Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Тешко повреден мотоциклист во Скопје по судир со патничко возило. 

На 13.04.2023 во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Славеј планина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од А.Х.(21) од Скопје и мопед „баотиан“, управувано од Ш.М.(47) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информираа од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.