Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Вчера се случила сообраќајна незгода пред маркет на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, помеѓу патничко возило и мотоцикл. 

22 годишен мотоциклист е повреден во несреќата која според информациите на МВР, се случила вчера (30.09.22), околу 14 часот пред маркет на ул.„Џон Кенеди“, во Скопје, кога патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(33) од Скопје, удрило во моторцикл „крос“, управуван од Б.А.(22) од Скопје.

Мотоциклистот е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетен сопатник од Скопје во патничкото моторно возило „опел корса“ во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од лекар му биле констатирани телесни повреди, информираат од МВР. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.