Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Шеесет и едногодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 08.45 часот на крстосницата на улиците Антон Попов и Виктор Иго, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(45) од Скопје и мопед исто така со скопски регистарски ознаки управувано од П.Ф.(61) од Скопје.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил П.Ф., на истиот му е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Oхридски“.