Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Кавадарци

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци. 

На 30.04.2023 во 19.40 часот пријавено е дека на ул. Илинденска во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(39) од Кавадарци и мопед ,,кимко“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.С.(30) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Б.С.,кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Кавадарци. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.