Тешко повреден мотоциклист од Скопје на патот Македонска Каменица - Делчево

На 03.09.2021 во 13,51 часот било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица -Делчево, во атар на с.Илиово, моторцикл „кавасаки ЗХ-10Р“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(46) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.