Тешко повреден млад тракторист од ресенско

Младо момче од ресенско е тешко повредено во сообраќајна несреќа со трактор.

На 19.01.2022 во Полициска станица Ресен од страна на ЈЗУ Здравствен дом Ресен било пријавено дека во с.Арвати има повредено лице.

Од страна на увидна екипа при СВР  Битола  и Ресен било излезено на лице место, при што било констатирано дека во близина на штала, на земјен пат, Р.Д.(25) од с.Крани, управувајќи  трактор „фергусон 359“, се превртел, здобивајќи се со тешки телесни повреди.