Тешко повреден млад работник од Скопје

На 16.10.2021 во 11.33 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на објект во градба во близина на трговски центар на подрачје на Центар со тешки телесни повреди се здобил А.Ш.(32) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал работни задачи за фирма.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а известени се Јавен обвинител и Трудов инспектор.