Тешко повреден маж: Со автомобил се превртел кај Катланово

Тешка сообраќајна несреќа се случи во текот на вчерашниот ден.

На 11.09.2017 година околу 17:00 часот на регионалниот пат Скопје-Катланово, В.Т.(63) од с.Каратманово-Свети Николе, управувајќи патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со штипски регистерски таблици, изгубил контрола и се превртел, информираат од МВР.

Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди (фрактури на десно рамо, ребро и напукнат пршлен) констатирани во Ургентен Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.