Тешко повреден маж: Паднал во обид да се качи на објект во изградба

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21.14 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во близина на маркет на подрачјето на Карпош, М.Ѓ.(33) од Скопје, кој бил заедно со Е.М.(30) од с.Волково, скопско, при обид да се искачат на објект во изградба, паднал од височина, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Се работи на расчистување на случајот.