Тешко повреден малолетник откако се забил со електричен тротинет

Малолетник е тешко повреден во Прилеп. 

На 24.05.2022 во 14.27 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Раде Иваноски“ во Прилеп, малолетник од Прилеп, управувајќи електричен тротинет, удрил во паркирано патничко возило „ауди“, известуваат од МВР. 

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.