Тешко повреден малолетник кој управувал мопед. Виновни ли се родителите кои го оставија детето да управува мопед доцна навечер?

Фраери во друштвото или уште една слика на загинато младо лице во сообраќајна несреќа? Кој е виновен кога малолетници, без возачка дозвола, управуваат моторцикли и мопеди? 

Дали желбата да се биде најинтересната личност во друштвото го зголемува бројот на млади лица кои возат мопеди или моторцикли? 

За жал, конкретен одговор на ваквите прашања нема, а сообраќајни незгоди има секој ден. Така и сношти.

На булеварот „Трета македонска ударна бригада“ малолетник од Куманово, управувајќи мопед „џилера“ со кумановски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во извештајот на МВРсе наведува дека од несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.

На местото на несреата бил извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Останува прашањето дали за ваквите несреќи виновни се децата кои се „силат“ или виновни се родителите кои им го даваат оружјето в раце, а може да ги чини живот?