Тешко повреден малолетен велосипедист

Вчера тешко е повредено дете откако со велосипед паднал на сообраќајница. 

-На 09.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Отиштино, општина Чашка, малолетник, управувајќи велосипед, паднал на коловозот. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, известуваат од МВР.