Тешко повреден кумановец, бил прегазен од „опел зафира“

28-годишен возач прегазил 54-годишен пешак во кумановско. 

На 17.10.2022 во 08.07 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Куманово-Липково и локален пат за с.Лопате, патничко возило „опел зафира“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.И.(28) од с.Слупчане, липковско, удрило во Љ.М.(54) од с.Лопате, информираа од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.