Седумдесет и едно годишен возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19 часот на патот Р1102 во правец од село Отовица кон Велес.
Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска инфомираше за сообраќајката.
„Патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(71) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес, информира Ѓаковска.
На местото на несреќата интервенирале и велешките пожарникари со едно возило и пет пожарникари спасители.
По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.