
Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско–Прилеп се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 52-годишната К.Л., и патничко возило „шкода“, управувано од 67-годишниот Љ.М. И двајцата возачи се од Битола.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Љ.М., додека со телесни повреди се здобила и 24-годишната С.С. од Скопје, сопатничка во „мерцедесот“. Повредите биле констатирани во Општата болница во Прилеп, соопштија од МВР во дневниот билтен.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.