Тешко повреден 31-годишник откако со „мерцедес“ се превртел и удрил во дрво

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на регионалниот пат Берово-Виница, при што еден човек се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 2 септември околу 17:15 часот, на место викано „Фармите“.

31-годишниот У.Е. од село Црник, Пехчевско, управувал патничко возило „мерцедес“ со пехчевски регистарски ознаки, кое се превртело и удрило во дрво.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Берово.