Тешко повреден 20-годишник во сообраќајка помеѓу мотор и две возила

Вчера во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено за сообраќајна несреќа помеѓу мотор и две возила од кои со тешки повреди се здобил возачот на моторот.

Имено на регионалниот пат с.Слупчане, липковско - Граничен премин Белановце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Р.А. од село Слупчане, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски таблички управуван од С.М.(46) од село Липково и возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(40) од село Слупчане.

Со тешки повреди се  здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од увид екипа од СВР Куманово.