Тешко повреден 20-годишен возач, излетал од пат

Млад возач од тетовско е тешко повреден откако со „бмв“ излетал од пат. Повреден е и неговиот сопатник. 

- На 08.06.2025 во 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Бродец-Вешала, тетовско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(20) од село Бродец, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ш.П., додека со телесни повреди возачот и другиот сопатник Ш.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија од МВР. 

 Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.