Тешки вистини кои мораме да ги прифатиме за животот

Иако како деца растеме мислејќи дека животот е безгрижен и среќен како нашето детство, сепак при созревањето често се соочуваме со ситуации кои прават да се чувствуваме потиштено, очајно, поразено. Сите овие ситуации треба да бидат лекција во нашиот живот и тоа е една од најголемите вистини кои можеме да ги слушнеме од постарите лица. Вистинскиот проблем настанува кога  не успеваме да го направиме тоа и кога не успеваме да сфатиме дека животот често не е фер, но тој е најубавиот подарок кој го имаме.

Ова се тешките вистини кои мораме да ги прифатиме во текот на нашето живеење.

Сите луѓе се несигурни за нешто. Проблемот не е само во нас и често е сосема нормално да се биде несигурен и исплашен, отколку целосно сигурен.

Никогаш нема да бидеме целосно сигурни за одлуките кои ги носиме во животот, бидејќи знаеме дека не можеме да се вратиме наназад и да ги поправиме нештата.

Секогаш постои подобра личност од нас, но сите луѓе се всушност различни еден од друг. Не постои поента во споредувањето.

Ништо не трае вечно. Нештата се менуваат, а исто така и луѓето.

Не постои ништо во животот што можеме да контролираме освен нашите мисли и дела. Затоа, секогаш треба да го очекуваме најлошото, додека се надеваме на најдоброто.

Животот не е бајка, но тоа е причината и зошто тој е толку интересен.

Напорната работа не гарантира успех. Но, во тоа и лежи предизвикот.

Иако делуваат досадно, повозрасните од нас имаат многу повеќе животно искуство. Не мораме секогаш да го следиме нивниот совет, но не губиме ништо ако го послушаме.

Пријателите се луѓе кои ќе ни ја дадат најдобрата поддршка во животот во најтешките моменти, но и кои често ќе не разочараат. Не треба да држиме бес и треба да сфатиме дека и ние веројатно некогаш сме го направиле истото за нив.

Родителите се единствените луѓе на светот кои ни го посакуваат најдоброто, постојано. Кои ќе останат да аплаудираат долго, откако сите ќе си заминат.

Можеме да го имаме и најубавиот и најскапиот дом, но да не се чувствуваме сигурно и смирено. Сами одлучуваме каков дом ќе изградиме за себе и оние кои ги сакаме.