Тешка сообраќака на обиколницата во Скопје

На автопатот „Мајка Тереза", на обиколница Скопје, вчера во 15,20 часот патничко возило „фолксваген голф" со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(41) од Куманово, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Р.С. (41) од Куманово која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.