Тешка сообраќајна несреќа во Ѓорче: Со Југо удриле во бетонска ограда

Рано утринава во 01.40 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„5“ во нас.Ѓорче Петров, патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(19) од Скопје, удрило во бетонска ограда и се превртело.

-Во незгодата, сопатникот Д.В.(18) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а сопатниците Д.Н.(18) и А.Т.(23), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“,  каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.