Тешка сообраќајна несреќа утринава - неколку лица итно на Ургентен во Скопје

Утринава околу 06:20 минути на регионалниот пат Велес - Мамутчево, во близина на градската депонија Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „Фиат Пунто“ со велешки регистарки ознаки, управуван од 18-годишниот Р.К. од Велес и автомобил марка „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот Б.М. од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.К.  Б.М. и сопатничките во нивните возила, М.П. (59) и Н.П. (41), двете од Велес.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Велес, од каде поради сериозноста на повредите Р.К. и Н.П. се пренесени во Ургентниот центар Скопје, додека Б.М. и М.П. се задржани за понатамошно лекување во болницата во Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес.