Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера после мостот „Обединети нации“, во насока од Влае кон Карпош 4.
Како што може да се се види од фотографијата, едно возило е тешко оштетено, додека делови од него се распрскани по булеварот. Во моментов нема официјални информации за повредени или за причините во врска со несреќата, но во текот на денот се очекуваат повеќе информации од страна на МВР.